100% ОРГАНСКО СЕМЕ SILYBUM MARINAUM L. FRUCTUS
• Органски произведено и сертифицирано семе (плод) од бел или млечен трн по принципот „од нива до трпеза“ од еколошки чисти подрачја во Македонија
• 100% органско сомелено семе (плод) од бел трн без додатоци, бои, ароми и конзерванси
• Најмоќниот природен прочистувач на црниот дроб со силно хепатопротективно дејство
• Производ со најголем број на релевантни студии за докажување на ефикасноста на дејството
ПРЕПОРАЧАНО ЗА:
• здрави лица за превенирање на состојби и болести на црн дроб
• лица со зголемен внес на мрсна храна, алкохол и лекови
• лица со замастен црн дроб
• лица со инфективни и неинфективни хепатитиси
• лица кои се на хронична терапија со хемиски лекови
• псоријаза
• при труење со храна
• хиперхолестеринемија
Silybum marianum L. – Бел или Млечен трн ( странски имиња: srb. Sikavica, hrv. Badelj, Divlja Articoka eng. milk thistle, blessed milk thistle ger. Mariendistel, Milchdistel, Silberdistel) е вид на трн од фамилијата Asteraceae. Представува двегодишно растение со пурпурни цевчести цветови кое може да порасне од 30 до 200 см. Има жлебно и шупливо стеблото со долгнавести до ланцетни листови долги од 15 до 60 см со шилести рабови со боцки на врвот и по краевите и лисни плочи кои во одредени делови се со бела боја, како да се посипани со млеко од каде доаѓа и народното име на растението. Плодовите или “семињата” имаат изразен овален облик и се релативно крупни со должина од 5-8 мм и ширина од 2-4 мм. Тежината на 1000 зрна изнесува 20-30 гр.
ХЕМИСКИ СОСТАВ: Главна активна состојка е флаванолигнански комплекс составен од: силибин, силидианин и силикристин, кој се означува со заедничко име „силимарин“ што често се користи и за име на целото растение. Силибининот, исто така познат како силибин, главната активна состојка на силимаринот представува мешавина од два диастереомери, силибин А и силибин Б, во приближно еквимоларен сооднос. Силимаринот го има најмногу во плодовите – “семето”, помалку во листовите и останатите делови од растението. Сепак, само плодот односно семето наоѓа примена во практиката. Покрај силимаринот, семето содржи и слободен таксифолин, други флавоноиди, слузи, масло, смоли и друго.
ДЕЈСТВО:
Силимаринот покажуваат низа експериментално потврдени дејства, како што се: хепатопротективното, антиоксидативното, антифибротичното, антиинфламаторното и имуномодулаторното дејство. Спречуваат липидна пероксидација, ги стабилизираат мембраните, овозможуваат регенерација на хепатоцити, а особено поволно дејствуваат при вирусни инфекции на хепарот (хепатитис А, В и С), цирозата и алкохолната цироза. Поволно дејствуваат при оштетувања на хепарот индуцирани со токсини од различна природа и особено од отровните габи. Покажуваат и антиканцерогена и хипохолестеринемична активност и сл. Сите дејства во најголем дел се должат на активноста на флаванолигнанскиот комплекс – силимарин
Механизам на дејство:
Хепатопротективниот ефект на екстрактите од белиот трн се остварува преку неколку механизми
• зголемена протеинска синтеза во хепатоцитите и стимулација на црнодробна регенерација
• антиоксидативна активност и зголемена детоксификациона активност, и
• антиинфламаторно дејство, преку стабилизација на мастоцити, инхибиција на неутрофилите и на инфламаторните простагландини и леукотриени.
Во однос на ефектот врз протеинската синтеза, силимаринот ја стимулира активноста на РНК-полимераза I, со активирање на промоторнато место на ДНК, која полимеразите ја користат како модел за синтеза на рибозомална РНК. Како резултат на зголеменото присуство на рибозомална РНК, расте и регенеративниот капацитет на црниот дроб.
Силимаринската активност како антиоксидант се гледа во неговиот капацитет да ја зголемува хепаталната содржина на глутатион, кој ги детоксифицира различните супстанци во хепарот и го зголемува нивото на ензимот супероксид дисмутаза, кој ја катализира конверзијата на токсичните кислородни радикали (супероксид анјон) во помалку штетен водороден пероксид. Во однос на капацитетот за антиоксидативата активност, за одбележување е фактот дека силимаринот е десет пати попотентен како антиоксидант во однос на токоферолот (витамин Е).
Бел трн растение со богата историја на медицинска употреба
Silybum marianum L., познат и како млечен или бел трн, е растение со богата историја на медицинска употреба која датира од пред повеќе од 2.000
Резултатите од бројни научни студии го докажуваат позитивното дејство на семето од бел трн
Silybum marianum L., познат и како млечен или бел трн, е растение кое е предмет на бројни научни студии за да се утврдат неговите здравствени
Придобивки од растението Silybum marianum L.
Silybum marianum L., попозната како млечен трн или бел трн, е растение кое се користи за медицински цели повеќе од 2.000 години. Растението потекнува од