
ХЕМЕРА, како израз на светлината и еден од основните елементи за појава на животот, е дирекно поврзан со нашата мисија на која секојдневно работиме. Нашата основна цел е подобрување на здравјето на луѓето користејќи ја огромната моќ на природата грижејќи се за зачувување на истата.
Ние сме Македонска компанија која произведува ефективни, безбедни и 100% природни органски производи, базирани на научни докази.
Нашето академско, научно и практично искуство е насочено кон здравјето на луѓето на нов иновативен начин барајќи решенија за здравјето во сложеноста на природата. Нашата посветеност кон здравјето на луѓето ја остваруваме и преку постојано обучување на здравствени работници кои се во директна врска и се грижат за здравјето на луѓето, градејќи односи на доверба, ширејќи ја свеста за важноста на поврзаноста на луѓето со природата.