Препорачаната цена на производот од страна на производителот Хемера е 620 денари
Производот може да се купи во сите подобро снабдени аптеки и во ланците на аптеки како Еурофарм, Виола, Виа Фарм, Сигнатура, Вивалек, Алпи фарм , Галениум фарм, Анаконда, Медика карта, и други (со исклучок на ланецот Зегин). Исто така производот може да се купи и онлајн преку евит.мк
Сомеленото семе е спакувано во кеси од 180 г кое е доволно за конзумација на семето во период од 30 последователни денови. Препорачано е да се користи 1 кафена лажица на ден. При посериозни состојби и заболувања на црниот дроб може да се користат и 2 кафени лажици на ден (1 наутро + 1 навечер)
Семето од бел трн и активните супстанции не реагираат со храната и поради тоа може да се употребува со и без внес на храна. Може да се употреби како чај: 1 полна кафена лажица се попарува со 150 мл свежо зовриена вода и се остава да отстои 15-20 минути. Чајот може да се пие со или без талогот од семето. Може да се додаде во храна: јогурт, кисело млеко, млеко, мусли, салати, смути, овошни сокови и слично.
Производот е најдобро после отварањето да се чува на темно, суво и ладно место.
Семето од бел трн е безбедно за конзумација од страна на лица со дијагностициран дијабетес. Исто така објавени се повеќе студии за користење на силимаринот кај лица со дијагностициран тип 1 и тип 2 диабет.
Производот е тестиран на присуство на глутен и истиот нема присуство на глутен. Производот не содржи глутен.
Над 10 годишна возраст може слободно да се конзумира. Под 10 годишна возраст може да се користи по препорака од лекар.
Можете да не контактирата преку контакт формата на нашата web страна, или на тел +389 70 50 37 03.
Адреса: ХЕМЕРА ДООЕЛ ул. 4 бр. 30 с. Орешани П.фах 39, пошта 1050 Драчево, Скопје.